Флоријан Липуш, роден на4 мај 1937 во Лобинг, Австрија - Карантанија Словенија, писател и преведувач.

Флоријан Липуш
Роден/а4 мај 1937(1937-05-04)
Лобинг , Карантанија, Австрија
ПсевдонимБоро Костанек
Занимањеписател
НационалностКарантанија Словенија
Значајни наградиПрешернова награда
2004

Петрарка-
2011

Флорјан Липуш е најистакнатиот словенечки писател во Корушка. Студирал теологија во Клагенфурт 4 години, но не ги завршил. Од 1962 година, то работел како: службенико, во пошта, до службеник во осигурителен завод. Во 1966 година ги завршил студиите на Педагошката академија во Клагенфурт и во истата година стана учител во основно. Предавал во Рембеник, Лепена а по 1985 година во Сентлипш. Во 1985 година, тој станал (надворешен) дописник на САЗУ. Пензиониран е во1988 година[1].

Флорјан Липуш уште во гимназиските денови почнал да пишува. Во тоа време тој бил уредник на словенечкиот весник Крес. Од 1960 година бил соосновач и главен уредник на централното словенечко каринтинско списание Младост, наменето за [[литературата, уметност и социјалните теми[2].

Неговиот литературен опус опфаќа: раскази, приказни, поезија и драма.

Неговиот стил е модернистички, користи радикализам, а во неговите дела има елемент на фрагментираност. Липуш го опишува проблемот на словенците кои живеат во странство, преку егзистенцијалистичката филозофија. Во 2004 година ја доби Прешерновата награда за своето книжевно дело, беше номиниран за Кресниковата награда во 2004 година, а беше добитник на почесна награда за литература во Виена во 2005 година[3].

Неговиот опус е богат и разновиден: една драма, шест романи, шест збирки на раскази[4].

Наводи

уреди
  1. Florjan Lipus
  2. Florjan Lipuš
  3. Florjan Lipuš, rojen 4. maja
  4. „Dolg opis“. Архивирано од изворникот на 2020-07-27. Посетено на 2020-04-15.