Флинтски Остров

(Пренасочено од Флинтски Атол)

Флинтскиот Остров (англиски и кирибатски: Flint) е ненселен корален атол во Кирибатите. Атолот е дел од Линиските Острови. Островот за првпат бил забележан во 1801 година, но не е познато кој го „открил“. Низ историјата островот бил и под британска и под американска управа. Со независноста на Кирибати, островот станал дел од новата океанска држава.

Сателитска снимка на островот.
Карта на Линиските Острови.

Географија

уреди

Островот се наоѓа на околу 740 километри северозападно од Тахити, 190 километри југоисточно од Восток и 220 километри југозападно од Каролинскиот Остров. Островот има вкупна површина од 3 км2 и има надморска височина од 8 метри. Околу островот има корален гребен, па поради тоа закотвувањето бродови е доста отежнато.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди