Флаинг Фиш Коув
(Пренасочено од Флаинг Фиш Ков)
Флаинг Фиш Коув (англ. Flying Fish Cove) е главното населено место на Божиќниот Остров (територија на Австралија). На многу карти местото е едноставно означено со Населба (The Settlement). Ова е првата британска населба на островот, основана во 1888 г.
Во Флаинг Фиш Коув живее околу една третина од вкупното население на островот (1.600 жители). Местото се наоѓа на североисточниот дел од островот; има мало пристаниште со едреници и јахти за туристите, авионско слетувалиште неколку километри на југоисток. Плажата е погодна за нуркање.