Камшиче

(Пренасочено од Флагела)

Флагели-Флагела(еднина-flagellum)е латински збор и значи камшик. Тоа се долги, кончести, еластични и подвижни израстоци. Тие израстуваат од некои видови бактерии. Таквите бактерии се викаат Флагеларни бактерии. Тие се движат со помош на своите флагели. Флагелите, значи, се локомотирни органи на тие бактерии.

Флагела
Структурен приказ

Флагелите не можат да се видат со обичен светлосен микроскоп, во нативен или обоен препарат.Можат да се видат само со таков микроскоп само ако се прикажат со посебна метода. Добро се гледаат со фазноконтрасен микроскоп, а најдобро со електронски микроскоп. Флагелите се градени од белковина кои се вика флагелин. Во него има количества масти, јаглероднихидрати, и pнуклеински киселини. Внатрешната структура на флагелата е фибриларна. Во флагелата се наоѓаат Флагеларни или H-антигени. Тие се разликуваат од порано споменатите О-антигени. Флагеларнбите антигени на бактериите им даваат типска специфичност. Дебелината на флагелата изнесува 12-15 минимикро. Должината им се движи од 1 до 70 микрони. Должината флагелите не секогаш е иста кај некои бактериски видови. Таа варира во зависност од разните супстанци и физичките фактори кои постојат во средината на бактеријата. Во течните хранилишта и на површината на меките подлоги, флагелите обично се подолги. На тврди подлоги се покуси. Мошне тврдите хранилишта, фенолот, солите на хромот го спречуваат формирањето на флагелите. Флагелите можат и механички да се отстранат од бактеријата. Кога флагеларните бактерии ќе ги изгубат своите флагели тие ја губат својата подвижност и своите флагеларни и Н-антигени. Губењето на флагелите во флагеларните бактерии е редовно и привремено. Кога во средината на бактеријата ќе исчезнат кои го попречиле формирањето на флагелата од флагеларните бактерии одново израснуваат флагели. Флагели обични имаат некои стапчести бактерии. Една бактериска клетка може да има една или повеќе флагели. Едната или повеќето флагели можат да израснат од бактеријата на различни места. Бактеријата што располага само со една флагела на едниот свој пол се вика монополарна монотриха, а таквиот распоред се вика монополарен монотрихијален. Бактеријата што на едниот свој пол му прече од повеќе флагели се вика монополарна политриха, а таквиот распоред на флагелите носи име монополарен политрихијален. Ако бактеријата на обата пола има по едно парче од повеќе флагели се вика биополарна политриха, а таквиот распоред биполарен политрихијален. Доколку бактерија има повеќе флагли распоредени по својата цел површина се вика перитриха, а таквиот распоред на флагелите перитрихијален. Како што веќе е речено, флагеларните бактерии се движат со помош на своите флагели. Тоа е прогресивно движење во просторот во разни насоки. Треба да се внимава тоа движење да не се замени со Брауновото молекуларно движење, односно во цик-цак линија. Тоа не е прогресивно во просторот. Настанува заради тоа што во бактериските клетки постојано удираат разни молекули кои се наоѓаат во течноста во која е и бактеријата. Сè уште не се знае точно за што им се служи на бактериите таа нивна подвижност. Досегашните испитувања покажаа дека оние флагеларни бактерии кои не можат да живеат без кислород-се движат кон изворот на кислородот. Наспроти нив, флагеларните бактерии кои не можат да живеат во присуство на кислород. Врз основа на тоа, се смета дека движењето на бактериите има определена и целисходна функција на бактеријата.