Финансиски центар Пинг Ан

Меѓународен финансиски центар Пинг Ан (познат и како Пинг Ан ИФЦ) (кинески: 平安国际金融中心) е 115-спратен, 599-метарски облакодер во Шенџен, Гуангдунг.[2][7] Зградата била нарачана од Пинг Ан Осигурување и дизајнирана од американската архитектонска фирма Kohn Pedersen Fox Associates. Била завршена во 2017 година, станувајќи највисоката зграда во Шенџен, 2-рата највисока зграда во Кина и 4-тата највисока зграда во светот.[8] Исто така, го срушила рекордот за највисока опсерваторија во зграда на 562.2 метри.

Ping An International Finance Center
平安国际金融中心
Ping An International Finance Center
Карта
Општи податоци
СтатусЗавршена
ВидКанцеларии и малопродажба
МестоNo. 5033 Yitian Road, Futian District, Shenzhen, Guangdong, China
Координати22°32′11″N 114°03′02″E / 22.536399° СГШ; 114.050446° ИГД / 22.536399; 114.050446
Почната2010[2]
Завршена2017[2]
Трошок за изградба$1.5 billion (USD, проценка)[5]
СопственикPing An Life Insurance Company of China[2]
Висина
Антена599.1 m
Покрив555.1 м[2]
Последен кат555.1 м[2]
Видиковец562.2 м[1]
Технички податоци
Катови115, плус 5 подземни спратови[2]
Подна површина385,918 m2 [2]
Лифтови80[2][6]
Проектирање и изградба
АрхитектKohn Pedersen Fox Associates[4]
ИзведувачPing An Life Insurance Company of China[2]
СтатичарThornton Tomasetti[3]
Главен изведувачChina Construction First Building Group[2]
Финансиски центар Пинг Ан
Финансиски центар Пинг Ан
Упростено 平安国际金融中心
Традиционално 平安國際金融中心
Буквално: Ping An International Finance Center

Напредок

уреди
 
PAFC Mall во април 2019 година

Зградата се наоѓа во рамките на Централната деловна област на Шенџен во Футијан. Плацот од 18 931 квадратни метри бил купен од Пинг Ан Групација преку аукција по цена од 1,6568 милијарди јени на 6 ноември 2007 година. Дизајнирањето на зградата започнало во 2008 година со Kohn Pedersen Fox Associates кои го обезбедиле архитектонскиот дизајн, а Thornton Tomasetti го обезбедиле структурниот дизајн. Нејзиниот камен темелник бил поставен на 29 август 2009 година, а изградбата започнала во ноември истата година. China Construction First Building Group била ангажирана како генерален изведувач за изградба на зградата.

На 15 март 2013 година, градежниот процес бил привремено запрен, поради сомневање за употреба на бетон направен со необработен морски песок, што можел да ја кородира челичната конструкција. По тестирањето на примерокот, продолжила изградбата на зградата.

Утрото на 15 јули 2014 година, при подигнување на челичен столб во должина од 10 метри, облакодерот надминал 443,8 метри во висина, надминувајќи ја кулата KK100 и станал највисоката зграда во Шенџен.

Зградата се издигнала на 30 април 2015 година и станала вториот највисок облакодер во Кина на висина од 599 метри. Првичниот план бил да се додаде антена долга 60 метри над зградата за да се надмине Шангајската кула и да стане највисоката зграда во Кина. Сепак, во февруари 2015 година било одлучено антената да не се постави на врвот на кулата поради можноста да им попречува на авионските летови.[9][10][11]

Одлики

уреди

Зградата содржи канцелариски, хотелски и малопродажни простории, конференциски центар и луксузен трговски центар. На катот 116 се наоѓа опсерваторија именувана како Слободно небо.[12] Како што сугерира нејзиното име, таа е исто така седиште на Пинг Ан Осигурување. Дизајнот на зградата бил наменет да биде уникатен и елегантен и да ја претставува историјата и достигнувањата на главниот закупец. Фасадата од не'рѓосувачки челик, тешка приближно 1.700 метрички тони, обезбедува модерен дизајн на зградата.

Зградата има вкупна површина од 378.600 квадратни метри. Кулата од 115 ката има сооднос ширина-висина од 1:10 и исто така има приземје од 11 ката. Вклучувајќи го приземјето, зградата има површина од 495.520 квадратни метри. Подрумот со пет нивоа додава уште 90.000 квадратни метри површина. Кулата од 620.000 метрички тони има осум главни столбови кои ја формираат структурата. Димензиите на столбовите се движат од приближно 6 на 3,2 м на најниско ниво до 2,9 на 1,4 м на врвот на кулата.

Лифтови

уреди

Меѓународниот финансиски центар „Пинг Ан“ е опремен со 33 двоспратни лифтови, кои се движат со брзини до 10 метри во секунда.

Обиди за искачување

уреди

Финансискиот центар Пинг Ан бил предмет на чести обиди за нелегално искачување. Во јануари 2015 година, малезискиот фотограф Киу Ви Лунг се искачил на тогашната нецелосна зграда и објавил видеоснимки и фотографија направена од кран на врвот на кулата.[13][14][15]

Потоа, структурата била искачена за време на Кинеската Нова година на 19 февруари 2015 година од двајца руски и украински урбани истражувачи, Вадим Махоров и Виталиј Раскалов од Ontheroofs, кои се искачиле на кран над кулата во изградба и го документирале нивното искачување со видео и фотографии.[16][17][18][19]

Фаза 2

уреди

Втората зграда од проектот, 290-метарски, 47-спратен облакодер познат како Јужна кула, била завршена. Изградбата започнала во април 2014 година и се отворила во 2018/19. Комплексот вклучува хотел „Парк Хајат“ со 5 ѕвезди, планиран малопродажен мост што ги поврзува двата облакодери од нивоата 3 до 6.[20]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Користена литература

уреди
  1. ctbuh. „World's Highest Observation Decks“. www.ctbuh.org (англиски). Архивирано од изворникот на 28 October 2018. Посетено на 2018-10-28.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 „Ping An Finance Center“. CTBUH. Архивирано од изворникот на 30 December 2013. Посетено на 12 May 2013.
  3. „Ping An International Finance Center“. Thornton Tomasetti. Архивирано од изворникот на 18 February 2017. Посетено на 8 October 2010.
  4. „Ping An Finance Center“. Kohn Pedersen Fox Associates. Архивирано од изворникот на 15 October 2014. Посетено на 16 May 2013.
  5. Poon, Dennis C.K.; Gottlebe, Torsten G. (December 2017). „Sky High in Shenzhen“. Civil Engineering. Reston, Virginia: American Society of Civil Engineers. 87 (12): 48–53. Архивирано од изворникот на 2017-12-16.
  6. „Schindler to equip China's tallest building“. Schindler. Посетено на 7 January 2014.
  7. „Pingan International Finance Center“. SkyscraperPage. Посетено на 19 January 2010.
  8. „Work on China's 838-meter high 'Sky City' starts“. Emirates 24/7. 23 July 2013. Посетено на 24 July 2013.
  9. „平安国际金融中心成深圳最高楼 年底将成世界第二“. Архивирано од изворникот на 2 June 2016. Посетено на 6 May 2016.
  10. „深圳平安金融中心“. Посетено на 6 May 2016.
  11. „深圳第一高楼平安国际金融中心封顶 高度超过600米“. Архивирано од изворникот на 2016-06-04. Посетено на 6 May 2016.
  12. „Ping An Finance Center facts and information“. The Tower Info. Посетено на 28 September 2018.
  13. „Climbing Ping an financial center 660meters youtube video“. Keow wee Loong. 27 February 2015.
  14. „Malaysian rooftopper hates to be called Spiderman – Nation – The Star Online“. thestar.com.my.
  15. „WATCH: Don't Look Down: Terrifying View from World's Second Tallest Building“. yahoo.com. 3 March 2015.
  16. on the roofs (8 May 2015). „Shenzhen Center (660 meters)“.
  17. „Climbing the Shenzhen Finance Center ontheroofs story with photos and video“. Ontheroofs. 8 May 2015. Архивирано од изворникот 2016-09-21. Посетено на 2020-11-09.
  18. „Shenzhen birdmen: Two daredevils, one mega-tall tower and a selfie stick (VIDEO)“. RT (TV network). Архивирано од изворникот 2016-09-21. Посетено на 2020-11-09.
  19. Chan, Casey. „Watching these guys climb a 2165-foot tall tower made my nerves go crazy“. Sploid. Архивирано од изворникот на 13 May 2015. Посетено на 11 May 2015.
  20. „Ping An Finance Center: Pioneering China's Tallest – Efficiencies of Forms and Structures“. CTBUH. Архивирано од изворникот на 18 August 2013. Посетено на 12 May 2013.

Надворешни врски

уреди