Филомела
Филомела е сестра на Прокна (жената на тракискиот крал Тереј). Двете се ќерки на кралот на Атина, Пандион.
Митологија
уредиФиломела среќно живеела кај својот татко Пандион во Атина, сè додека заедно со Тереј не отишла во посета на својата сестра во Тракија.[1]
На патот, Тереј силно се вљубил во Филомела и кога стигнале во Тракија, тој не ја однел во дворецот, туку во густата шума во близина, каде се обидел насилно да ја обљуби. Филомела му се спривставила, но тој ја затворил во напуштена колиба и се обидувал да ја присили да попушти. Кога по некое време повторно дошол во колибата, Филомена му рекла дека нема да го премолчи срамниот обид. Од страв да не се дознае вистината, Тереј ѝ го исекол јазикот. Во колибата, Филомела пронашла разбој и на платно исткајала и напишала сè што ѝ се случило и ѝ го испратила на сестра си Прокна.[2]
Кога Прокна ја примила веста од Филомела, скришум ја ослободила сестра си и ја довела во дворецот. Тука, заедно ја смислиле страшната освета за Тереј. Прокна го убила својот син, кого Тереј најмногу го сакал, и му го дала неговото месо да го јаде.
Зевс ваквото злосторство не му го простил ниту на својот син Тантал, па ни на сестрите Филомела и Прокне, како ниту на Тереј, кој сето ова го започнал, па ги казнил така што им го сменил обликот. Тие повеќе не биле луѓе, туку, Тереј го претворил во кукавица, Прокна во славејче, а Филомела во ластовичка.
Со тек на времето има разни варијанти на митот, особено во однос на тоа, кој во каква птица бил претворен. Во најстарите митови, Филомела е претворена во ластовичка (која не пее), а Прокне во славејче (кое пее, но тажно или пак, всушност не пее, зашто само мажјаците славејчиња пеат).,[3] Во подоцнежните извори, како Овидиј, на пример, а и во модерната англиска литература, пишуваат дека Филомела, иако со исечен јазик, била претворена во славејче, а Прокне во ластовичка.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Војтех Замаровски, Јунаци на античките митови, Лексикон на грчкaта и римскaта митологијa, Загреб 1985, стр. 107.
- ↑ Во митовите не се спомнува дека Филомела го пратила платното на сестра си.
- ↑ Frazer, Sir James George (translator/editor). Apollodorus, Library in 2 volumes (Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press; London: William Heinemann, Ltd., 1921). See note 2 to section 3.14.8, citing Pearson, A. C. (editor) The Fragments of Sophocles, II:221ff. (found online here - retrieved 23 November 2012), where Frazer points to several other ancient source materials regarding the myth.
- ↑ Fields, Beverly. "Keats and the Tongueless Nightingale: Some Unheard Melodies in 'The Eve of Saint Agnes'". Wordsworth Circle 19 (1983), 246–250.
„Филомела“ на Ризницата ? |