Прокна
Прокна (грч. Πρόκνη) не е многу значајна фигура во старогрчката митологија. Таа е ќерка на атинскиот крал Пандион, жена на тракискиот крал Тереј.

Прокна и Филомела
МитологијаУреди
Прокна влегла во митовите заради својата сурова освета кон сопругот Тереј. Бидејќи тој се вљубил во нејзината сестра Филомела, таа го убила сина си, омилениот на Тереј, и му го сервирала месото да го изеде.[1]
НаводиУреди
- ↑ Војтех Замаровски, Јунаци на античките митови, Лексикон на грчкaта и римскaта митологијa, Загреб 1985, стр. 286.
„Прокна“ на Ризницата ? |