Фестивали на огнот во летната долгодневица на Пиринеите
Фестивалите на огнот во летната долгодневица на Пиринеите се традиционални фестивали кои се слават во различни места во регионот на Пиринеите. УНЕСКО ги ставил на репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото во 2015 година.[1]
За фестивалите
уредиВо кандидатурата поднесена до УНЕСКО имало 63 градови на Пиринеите во кои се слави оваа традиција: 34 од Франција, 3 од Андора и 26 од Шпанија (17 од Каталонија и 9 од Арагон).[1]
Летните солстициски фестивали се одржуваат на Пиринеите секоја година кога Сонцето е во својот зенит. Иако се слави во различни држави, фестивалот има иста структура во различните села каде што се слави.
Кога ќе падне ноќта, луѓето од различни градови и села носат запалени факели нис планините за да ги запалат традиционално изградените клади. Слегувањето е посебен момент за младите и го означува преминот од адолесценцијата во возрасен период. Во некои општини градоначалникот ја пали првата клада. Во други, свештеникот го благословува или пали огнот. На некои места последниот оженет маж го пали огнот и го води спуштањето до селото. Честопати младите немажени девојки го чекаат доаѓањето на носителите на факлите во селото со вино и слатки колачи. Наутро луѓето ја собираат жарта или пепелта за да ги заштитат своите домови или градини.[2]
Во Исил, во регионот Паљарс Собир голем трупец долг околу 15 метри се пали на средината на кладата. Ова е сигнал за младите да почнат да се спуштаат по планината со запалени факли кои им висат околу вратот. Опкружени со темнина, факелите кои се спуштаат низ планината изгледаат како огнени змии кои се движат цик-цак.
Во регионот Алта Рибагорса, наместо да се спуштат по планината, младите трчаат по селските улици со запалени факли додека сите се собираат на главниот плоштад.
Во Лес, во регионот Вал д'Аран, на главниот селски плоштад се пали трупец, а младите танцуваат околу него сè додека не падне. Потоа земаат дел од запалено дрво и со него прават кругови во воздухот, создавајќи исклучителен визуелен ефект.[3]
Оваа традиција на празникот на огнот, наречен Фаљас, се одржува во пиринеските планински села и потекнува од традицијата на заблагодарување на боговите за жетвата. Огнот го симболизирал сонцето, а фестивалите на огнот во Пиринеите се фокусирани на создавање на огнот за прослава на летниот солстициј. Огнот се носи со помош на пламени факли од планините за да би се запалила традиционално изградената клада и за да би започнале фестивалите и за да би се благословеле и исчистиле полињата и да би се заштитиле луѓето и за да би се избркале злите духови.[4]
Знаење
уредиФестивалот го засилува чувството на припадност кон заедницата, преку популарниот фолклор и заедничкото јадење. Елементот има длабоки корени во локалните заедници и се одржува благодарејки на мрежата на здруженија и локални институции. Најважното место на пренесување е семејството, каде луѓето го чуваат живото сеќавање на ова наследство.[2] Овие обреди се пренесуваат низ генерации, а различни села ги сметаат симболите за премин во зрелост, прочистување или плодност.[5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Las fallas del Pirineo, Patrimonio Inmaterial de la Humanidad“. elpais.com. Посетено на 2 октомври 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „Summer solstice fire festivals in the Pyrenees“. unesco.org. Посетено на 2 октомври 2021.
- ↑ „'The torches of the Pyrenees', UNESCO element of Intangible Cultural Heritage of Humanity“. catalannews.com. Посетено на 6 октомври 2021.
- ↑ „Pyrenees Fire Festival - summer solstice“. barcelonayellow.com. Посетено на 6 октомври 2021.
- ↑ „Fire festivals for the summer solstice in the Pyrenees“. spain.info. Посетено на 6 октомври 2021.