Фердинанд Маршал (19 февруари 1924 - 14 ноември 2006 година) ― австриски фудбалски судија.

Фердинанд Маршал
Маршал во 1972 година
Роден 19 февруари 1924(1924-02-19)
Темишвар, Романија
Починал 14 ноември 2006(2006-11-14) (возр. 82)
Австрија
Домашна
Години Лига Улога
1953–1974 Австриско фудбалско првенство Судија
Меѓународна
Години Лига Улога
1967–1974 Назначен од ФИФА Судија

Судиска кариера

уреди

Во 1953 година Маршал станал судија во австриското фудбалско првенство, а во 1967 година бил назначен за судија на ФИФА.

Маршал бил избран за судија на Светското првенство во фудбал 1970, каде што судел на натпревар од групната фаза помеѓу Бразил и Романија.[1]

Во 1972 година, Маршал бил избран за судија на Европското првенство во фудбал 1972, каде го судел финалето помеѓу Западна Германија и Советскиот Сојуз.

Маршал се повлекол од судењето во 1974 година, откако судел 21 година во австриското највисоко натпреварување.

Наводи

уреди
  1. „Brazil - Romania 3:2 (World Cup 1970 Mexico, Group 3)“. worldfootball.net. HEIM:SPIEL. Посетено на 5 јуни 2021.

Надворешни врски

уреди