Фенилпропаноид

(Пренасочено од Фенилпропаноиди)

Фенилпропаноидите се класа на разновидни органски соединенија кои се синтетизираат од растенијата од аминокиселините фенилаланин и тирозин.[1] Нивното име доаѓа од шесточлената јаглеродна ароматична фенил група и тричлената пропенска група на кумаринската киселина, која е главен интермедиер во фенилпропаноидната биосинтеза. Од 4-кумароил-CoA се добиваат разни класи на природни производи како лигноли (претходници на лигнин и лигноцелулоза), флавоноиди, изофлавоноиди, кумарини, аурони, стилбени, катехин, и фенилпропаноиди.[2]

4-Кумароил-CoA е централен претходник во биосинтезата на фенилпропаноидите (прикажан во протонирана состојба).

Фенилпропаноидите се присутни низ целото растително царство, каде служат како неопходни компоненти на голем број на структурни полимери, обезбедуваат заштита од ултравиолетова светлина, пружат заштита од тревојади и патогени, и посредуваат во интеракциите растение-полинатор како цветни пигменти и миризливи соединенија.

Наводи

уреди
  1. Barros J, Serrani-Yarce JC, Chen F, Baxter D, Venables BJ, Dixon RA. 2016. Role of bifunctional ammonia-lyase in grass cell wall biosynthesis. Nat. Plants. 2: 16050. doi:10.1038/nplants.2016.50. PubMed (англиски)
  2. Vogt, T. (2010). „Phenylpropanoid Biosynthesis“. Molecular Plant. 3: 2–20. doi:10.1093/mp/ssp106. PMID 20035037.