Фаравахар, или на персиски фравахр, е познат симбол на Персија. Како религиозен и културен симбол е прифатен од династијата Пахлеви за да ја претставува иранската нација.

Фаравахар на релјеф во Персеполис.

Дискот со крила има долга историја во уметноста и културата на Блискиот и Средниот Исток. На дискот е додадена фигура на човек, „стрелец облечен во пердуви“, со кој се симболизирал богот Ашур.

Иако симболот се смета дека претставува ангел чувар, не се знае што им значел на оние кои го презеле од Месопотамците и Египќаните. Симболот најпрвин се појавил на кралските натписи, па затоа се смета дека претставувал „божествена кралска слава“ или ангел чувар на кралот, или пак „божественото право на кралот“, што било основа за авторитетот на кралевите.

Релацијата помеѓу името на симболот и називите на она што би можело да го претставува, води до претпоставката дека симболот е „ангел чувар“ (Фраваши). Сепак, не постои опис за тоа како изгледа Фраваши во светиот текст на зороастризмот, Авеста, а од друга страна, во Авеста ентитетите се граматички дадени во женски род.

Денес во зороастризмот се вели дека Фаравахар е потсетник за целта во животот, што значи дека треба да се живее на тој начин што ќе се дозволи на душата да се спои со Ахура Мазда, главното божество во зороастризмот. Иако постојат бројни интерпретации на елементите од симболот, ниедна од нив не доаѓа пред 20 век.

Потекло на поимот

уреди

Персискиот збор فروهر се чита фороухар или фаравахар. На дијалектот што се користел во Сасанидското Царство, формата била фравахр (Книга Пахлеви: плвʾхл).[1][2] Авестанската форма била fravaṣ̌i (𐬟𐬭𐬀𐬎𐬎𐬀𐬴𐬌).

Во иранската култура

уреди
 
Симболот на Фаравахар во Огнен храм во Јазд

Дури и по исламското освојување на Иран, зороастризмот продолжил да биде дел од иранската култура. Се слават празници како на пример иранската Нова година или Новроз, Мехреган, и Чакаршанбе Сури, кои се остатоци од традицијата на зороастризмот. Од почетокот на 20 век, може да се најде симболот Фаравахар на јавни места.

Иранскиот национален еп Шанаме, содржи приказни (делумно историски и делумно митски) од време на зороастризмот. Гробот на Фердовси, што годишно го посетуваат голем број Иранци, го има симболот Фаравахар.

Царскиот престол во Персија е поврзан со Фарвахар. Владетелот седнува на средина од престолот, кој е во форма на платформа или кревет, што се издига од земјата.

После исламската револуција од 1979 година, лавот и сонцето, кои биле дел од оригиналното иранско знаме, се забранети од владата за јавно прикажување, со цел луѓето да не се потсетуваат на претходниот живот, пред револуцијата. Сепак, знакот Фарвахар не бил отстранет, и станал национален симбол меѓу народот. Денес, зороастризмот иако не е државна религија, неговиот симбол е прифатен симбол на современата и древната иранска држава.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Boyce, Mary (15 December 2000). „FRAVAŠI“. Encyclopædia Iranica. Посетено на 12 February 2014.
  2. MacKenzie, David Neil (1986). A Concise Pahlavi Dictionary. London: Oxford University Press. ISBN 0-19-713559-5.