Фалсерберг (холандски: Vaalserberg) — рид на југоисточниот крај на Холандија кој претставува највисокото место во земјата. Висок е 322,7 м[1] и се наоѓа во гратчето Валс (по кој го добил името) во покраината Лимбург. Најблизок град е Ахен (Германија), на далечина од околу три километри.

Фалсерберг
Vaalserberg
Поглед на Валсенберг од Ахен
Највисока точка
Надм. вис.322,7 м NAP
Координати50°45′17″N 6°01′15″E / 50.75472° СГШ; 6.02083° ИГД / 50.75472; 6.02083
Име
ПреводВалшка Планина (македонски)
Географија
Фалсерберг на карта

Карта

МестоЛимбург, Холандија
ПокраинаNL
Рзгледница од 1905 г. со четворомеѓата на Фалсерберг

Ридот е највисок во европска Холандија, но не и во државата. Највисоко место во целото Кралство Холандија е Маунт Синери (887 м) на карипскиот остров Саба во состав на Холандските Антили.

Тромеѓа

уреди

Во врвот на Валсеберг се среќаваат границите на Германија, Белгија и Холандија и затоа се нарекува „тромеѓа“ (хол. Drielandenpunt; гер. Dreiländereck; фр. Trois Frontières).

Во периодот од 1830 до 1919 г. врвот бил четворомеѓа, граничејќи се и со неутралниот кодоминиум Морсенет.

Поради тромеѓата, Фалсерберг е познато туристичко место во Холандија. На белгиската страна е изградена кула наречена „Бодуенова кула“ (хол. Boudewijntoren; фр. Tour Baudouin) која служи како видиковец. На германска страна се протега природен резерват. Од германска страна се издига „Вилхелминина кула“ (Wilhelmina-Turm).

Велосипедистичка трка

уреди

По Фалсерберг често се одвива друмската велосипедистичка трка „Амстел Голд Рејс“ (анг. Amstel Gold Race), каде тој претставува средина на патеката.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Висината е изразена според амстердамската мерна нормала (NAPV). Според белгиската нормала (TAW), ридот е повисок за 2,3 м.

Надворешни врски

уреди

Галерија

уреди