Фадиљ Сулејмани

политичар
(Пренасочено од Фадил Сулејмани)

Фадиљ Сулејмани (албански: Fadil Sulejmani; Бозовце, Тетовско, 5 декември 1940) — македонски политичар. Тој е првиот ректор на Тетовскиот универзитет.

Животопис

уреди

Сулејмани е роден во 1940 година во тетовското село Бозовце. Тој и станува познато на јавноста во 1995 година кога се обидува да отвори универзитет на албански јазик во Македонија[1]. После големи превирања, Сулејмани е уапсен, а универзитетот функционира во илегала. Подоцна станува член на партијата на Али Ахмети, ДУИ и влегува во македонскиот Парламент како пратеник[2]. По извесно време поради недогласувања во работата на партијата, се повлекува од истата и делува како независен пратеник[3]. За време на своето ректорување на ДУТ, тој е обвинуван за низа незаконитости во вршењето на функцијата, меѓу кои најпозната е таа дека неговиот син за четири месеци положил 23 испити и дипломирал на Факултетот за хуманистички науки.[4]

Наводи

уреди
  1. Glasnik na Институтot za nacionalna istorija (41. изд.). Скопје: Институт za nacionalna istorija. 1997.
  2. „Пратенички состав 2006 - 2008“. Собрание на Македонија. Посетено на 2011-02-07.
  3. Галевска, Елизабета (25 октомври 2006 00:00). „Фадил Сулејмани се повлекува од ДУИ“. А1. Посетено на 2011-02-07. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Јовановска, Билјана (31 октомври 2006). „Синот на Фадил Сулејмани за четири месеци положил 23 испити и дипломирал“. Утрински Весник. Посетено на 2011-02-07.