ФК Матерзбург (германски: SV Mattersburg) е австриски фудбалски клуб од градот Матерзбург. Клубот е основан на 10 јуни 1922 година и натпреварите на домашен терен ги игра на својот стадион Папел Стадион чиј капацитет изнесува 17,100. Во Австриската Бундеслига клубот игра од сезоната 2003/04. Во сезоната 2004/05 клубот бил второ рангиран во Австриската Бундеслига по просечна посетеност по натпревар, и покрај тоа што градот Матерзбург има само околу 7,000 жители. Во сезоната 2006/07, ФК Матерзбург завршил на третото место во Австриската Бундеслига, највисоката позиција во историјата на клубот. Истата сезона клубот го имал првиот настап во европските натпреварувања, во УЕФА Купот но бил елиминиран уште во првото квалификациско коло. Следната сезона клубот повторно играл во УЕФА Купот, и успешно го минал првото квалификациско коло, но во второто бил елимиран од швајцарскиот Базел.[1]