Училишна зграда во Враниќ

Училишната зграда во Враниќ, сместена во стариот центар на Враниќ, населба на територијата на градската општина Бараево, била подигната на почетокот на 20 век во близина на местото каде што била зградата на постарото основно училиште од 1848 година. Претставува недвижно културно наследство како споменик на културата.[1]

Училишната зграда во Враниќ, споменик на културата

Историја

уреди

Зградата на основното училиште се наоѓа во стариот центар на Враниќ и денес заедно со соседната кафеана, содржината и просторот го означуваат ова место како фокус на јавниот живот на населбата во минатото. Основното училиште во Враниќ им припаѓа на наменските градби од своето време со квалитети карактеристични за оваа група објекти - извонредна местоположба, едноставни и функционални просторни решенија и солиден архитектонски третман.

Иако работеле во тешки услови, од 1872 година пристигнуваат учителки од Вишата женска школа во Белград. Конечно, во 1905 година била урната старата училишна зграда, направена од трошен материјал, со две училници и наставнички стан. Во 1907 г. Враниќ добил нова училишна зграда со три училници и наставнички стан на истото место.[2]

Галерија со слики

уреди

Поврзано

уреди
  • Список на споменици на културата во Белград
  • ОУ „Павле Поповиќ“

Наводи

уреди
  1. Завод за заштиту споменика културе града Београда/Основна школа у Вранићу
  2. „Од школице до школе“ (PDF). ospavlepopovic.edu.rs. Посетено на 5 февруари 2020.

Надворешни врски

уреди