Рио Негро (Уругвај)
Рио Негро (шпански: Río Negro, „Црна Река“) е река во Јужна Америка и најзначајна притока на реката Уругвај. Воедно, реката Рио Негро е најважната река во Уругвај.[1]
Особености
уредиРио Негро извира во најјужните предели на Бразил, источно од Баге. Реката тече во западен правец низ целата територија на државата Уругвај. На границата помеѓу Уругвај и Аргентина реката се влева во реката Уругвај. Практично, Рио Негро ја дели државата на северен и јужен дел. Главните притоки на Рио Негро се реките Ји и Такуарембо.
Наводи
уреди- ↑ „The Groundwater Resources of Uruguay“ (PDF). International Association of Hydrological Sciences. Архивирано од изворникот (PDF) на 21 July 2011. Посетено на 12 August 2010.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Рио Негро - Топонимски опслужувач GEOnet (англиски)
33°24′S 58°22′W / 33.400° ЈГШ; 58.367° ЗГД