Уредувач на растерска графика

Уредувач на растерска графикасметачки програм кој овозможува на корисниците да цртаат и уредуваат слики интерактивно на компјутерскиот екран и да ги зачувуваат во еден од популарните “bitmap” или “raster” формат како JPEG, PNG, GIF и TIFF.

Екранска снимка од KDE уреедувач за растерска графика KolourPaint
Екранска снимка од GIMP уредувач за растерска графика

Некои уредувачи се специјализирани за уредување на фотореалистични слики како Adobe Photoshop, додека другите се повеќе уметнички ориентирани, како Adobe Fireworks.

Векторски уредувач наспроти растерски уредувач

уреди

Векторските уредувачи честопати се помешувани со Растерски уредувачи. Векторските уредувачи се подобри за графички дизајн, распоред на страница, типографија, логоа, острорабни уметнички илустрации (како: анимирани филмови, clip art, сложени геометриски шари), техничка илустрација, дијаграмирање и шематски блокови. Растерските уредувачи се подобри за туширање, фотообработка, фотореалистични илустрации, колажи и рачни илустрации создадени со помош на pen tablet. Повеќето илустратори користат Corel Photo-Paint и Photoshop за да создадат доста типови илустрации. Поновите верзии на bitmap уредувачите, како GIMP и Photoshop поддржуваат алатки за работа со вектори, додека векторските уредувачи како CorelDRAW или Adobe Illustrator постепено вметнуваат алатки како и кај bitmap уредувачите.

Општи својства

уреди
  • Избор на подрачје за уредување.
  • Поставување на линии со четки во различна боја, големина, форма и притисок
  • Обојување на цел регион со една боја, градиент, или текстура.
  • Избор на боја користејки различни бојни модели (e.g. RGB, HSV), или користејки color dropper.
  • Поставување на текст со различен фонт.
  • Збирно користење на слоеви.
  • Уредување и претворање.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди