KDE
KDE (од англ. K Desktop Environment), е слободна графичка работна околина заснована на приборот Qtод. Може да работи на секој [Unixoid], како GNU/Linux, BSD, Solaris, а во последно време со користење на дополнителни библиотеки и на оперативниот систем Windows.
KDE | |
---|---|
Основачи | Матијас Етрич |
Тип | заедница |
Основана | 14 октомври 1996 |
Кадар | Корнелиус Шумахер |
Производ | KDE SC, KOffice, KDevelop, Extragear |
Задршка | слободна програмска опрема |
Метод | творечки дела, развој, документација, промоврање и преведување. |
Мреж. место | KDE.org |
Заедно со KDE стандардно доаѓаат развојната средина KDevelop, канцеларискиот пакет KOffice, и останати помошни апликации, игри, уредувачи, теми за изглед, икони, фонтови и сѐ друго што ѝ е потребно на една работна околина за нормална работа. Слободата ви дава за право да го приспособите на вашите потреби и да го направите да изгледа онака како што вие би сакале.
Оригиналното име на KDE доаѓа од изразот Cool Desktop Envirionment, но со оглед на тоа што CDE во тој период беше веќе регистрирана кратенка за Common Desktop Envirionment, се премина кон зборот Kool и кратенката KDE.
Маскота на проектот е зелениот змеј Конки.
Кратка историја
уредиПроектот KDE е започнат во 1996 година од студентот Матијас Етрих на Универзитетот во Тибинген. KDE дојде како потреба при изработката на графички посредник за Tex. Иницијатор на проектот беше тоа што девојката на Етрих не можела да ги користи дотогаш познатите работни околини. Поддршка за остварување на својата идеја, Матијас Етрих најде во тулкитот Qt на Trolltech. Големиот број на оваа работна околина овозможија брзо созревање на проектот како и користење од страна на најголемите GNU/Linux дистрибуции во светот како примарна работна околина.
Ажурирања и излегување на нови верзии на KDE се предвремено определени и се одликуваат со строга точност на излегување.
Како е организирана заедницата на KDE
уредиГолем број волонтери од светот работат на подобрување и развивање на нова програмска опрема за KDE. Некои од гигантските програмски компании како Novell, Trolltech и Mandriva, вложуваат средства за поддршка на овој проект, со што програмерите кои работат на KDE проектите добиваат финансиски надомест за својата работа.
Од друга страна тука е големата заедница на корисници кои секојдневно пријавуваат грешки, поправаат тековни грешки или изработуваат свои „надворешни апликации“ (што не се дел од KDE).
Портал со вакви апликации е KDE Apps.
Најпознати апликации
уреди- Amarok - мултимедијална аудио апликација
- Kaffeine - мултимедијална аудио/видео апликација
- K3b - апликација за снимање/копирање ЦД и ДВД формати
- Digikam - апликација за преглед и манипулација на фото галерии
- KOffice Архивирано на 31 декември 2005 г. - канцелариски пакет за КДЕ
- KDevelop - Равојна средина за голем број програмски јазици
Надворешни врски
уреди„KDE“ на Ризницата ? |
- Официјалната страница на КДЕ (англиски)
- мКДЕ Архивирано на 29 ноември 2005 г., македонска локализација на КДЕ (македонски)
- KDE Look Архивирано на 14 декември 2020 г. (англиски)
- програмски прилози на KDE (англиски)
- Appeal KDE[мртва врска] (англиски)