Урат оксидаза
Урат-оксидаза или уриказа — ензим кој не е присутен кај луѓето. Овој ензим ја катализира оксидацијата на уричната киселина до 5-хидроксиизоурат:[1]
- Урична киселина + O2 + H2O → 5-хидроксиизоурат + H2O2 → алантоин + CO2
Значење на отсуството кај луѓето
уредиЛуѓето имаат ген за урат-оксидаза, меѓутоа тој е нефункционален. Затоа уричната киселина е краен производ на катаболизмот на пурините кај луѓето. Зголемена концентрација на урична киселина во крвотокот доведува до појава на гихт.