Унија на Бранители на Македонија

Унијата на бранители на Македонија е сојуз на 11 здруженија на бранители, т.е. припадници на безбедносните сили на Република Македонија (АРМ и МВР) за време на воениот конфликт од 2001 година.1. Претседател на Унијата е г-дин Ацо Стојановски[1].2.Потпреседател на Унијата е Г-дин Борче Ивановски.

Членство

уреди

Унијата е формирана на 30 јули 2007 година во град Прилеп од страна на петте здруженија основачи, имено: „Карпалак“ од Прилеп, „Тиквешијата“ од Кавадарци, „Достоинство“ и „Бранители на Македонија“ од Скопје и здружението „Бранител“ од Битола.

Цели и задачи

уреди

Како приоритетни цели на унијата се издвоени решавањето на проблемите на бранителите и на нивните семејства, доследно спроведување на Законот за посебните права на бранителите и окончување на судските процеси против државата за барање отштета се приоритетните цели на оваа асоцијација[1].

На денот на формирањето на Унијата на бранители, претседателот на организацијата изјави дека неколку години по воениот конфликт во 2001 има одредени донации од невладини организации, но државата воопшто не покажува интерес за спроведување програма за ресоцијализација и вработување на резервистите и доброволците. Исто така е наведено дека недостасуваат проекти од државата за рехабилитација на сите што ги имаат траумите по конфликтот[1].

Во Унијата се опфатени околу 11.000 бранители.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 "Бранителите формираа унија". Дневник. 30 јули 2007“. Архивирано од изворникот на 2020-09-01. Посетено на 2012-06-11.