Уникс (Unix) — оперативен систем за компјутерски системи. Неговите основни особини се преносливост меѓу хардверски платформи, возможност да извршува истовремено повеќе процеси (multitasking) и способност истовремено да опслужува повеќе корисници. Unix е развиен во текот на шеесеттите години врз основа на оперативниот систем Мултикс. Развиен е од страна на Кем Томсон, Денис Ричи и Даглас Мекилрој, програмери на американската телекомуникациска фирма АТ&Т.

Верзија 7 Unix, Research Unix предок на сите модерни Unix системи

Unix има доживеано повеќе верзии и денес се во секојдневна употреба, меѓу други, верзиите на IBM и Sun Microsystems (Sun Solaris), како и во верзии на Слободен Софтвер на BSD Unix и Линукс (Linux). Интересно е тоа што Би-Ес-Ди (BSD) Unix имал во јадрото вграден код кој овозможувал поврзување на повеќе компјутери во мрежа. Мрежниот код на БиЕсДи се смета за претходник на Интернет протоколот TCP/IP.

Слоеви на Unix

уреди

Слоеви на интеракција помеѓу хардверот и корисникот:

  • Јадро - директна врска со хардверот
  • Апликации (програми) и команди - интеракција со јадрото, а не директно со хардверот
  • Толкувач за наредбии меѓу корисникот и неговите програми со наредбите на Уникс
  • Систем на прозорци, на пр.Х(не мора да постои) - интеракција најчесто со Шел, но може и директно со програмите
  • Корисникот - интеракција со лушпата или комбинација од системот на прозорци и околината на лушпата.

Надворешни информации и врски

уреди