Универзална историја на бесчестието
„Универзална историја на бесчестието“ (шпански: Historia universal de la infamia) — збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес. Расказите во книгата биле напишани во текот на 1933-1934 година, а според кажувањето на авторот во предговорот на првото издание (напишан на 27 мај 1935 година), тие настанале под влијание на делата на Стивенсон и Честертон, од првите филмови на фон Штернберг и од биографијата на Еваристо Кариега.[1]
Содржина
уредиКнигата ги содржи следниве раскази:[2]
- Суровиот откупувач Лазарус Морел
- Неверојатниот лажго Том Кастро
- Вдовицата Чинг, гусарка
- Испорачателот на злосторства Монк Истман
- Некористољубивиот убиец Бил Хариган
- Неучтивиот церомонијал-мајстор Котсуке но Суке
- Маскираниот бојаџија Хаким од Мерв
- Човекот од розовиот агол
- И така натаму
На крајот од книгата се наоѓа и список на изворите користени при пишувањето на расказите. Инаку, подоцна, во изданието од 1954 година, расказот „И така натаму“, Борхес го дополнил со три нови текста.[3]