Зрновска Река
Зрновска Река — река во источниот дел на Македонија, во атарот на Општина Зрновци, и е лева притока на Брегалница. Извира под врвот Козобран, во месноста Бохчалија, на Плачковица, на надморска височина од 1.420 м.
Зрновска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Брегалница кај патот Кочани-Зрновци |
Должина | 24 км |
Особености на сливот |
Сливното подрачје на Зрновска Река изнесува 70 км2, а должината 24 км[1]. Нејзиниот релативен пад изнесува 47,6%. Од извориштето тече кон запад под името Улмија, а потоа свртува кон север и е позната како Зрновска.[2]
До селото Зрновци реката е планинска со клисуреста долина, а потоа низ полето, до вливот, тече како рамничарска река. Се влева непосредно до патот Кочани-Зрновци, на надморска височина од 325 метри. Од реката се наводнуваат околу 250 хектари под пченка, праз и други земјоделски култури.
На реката Зрновка има изградено хидроцентрала, што во голема мера го изменила природниот водотек на реката и животните услови во неа.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Официјален портал на Зрновци“. Архивирано од изворникот на 2012-02-07. Посетено на 2009-12-04.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 32. ISBN 978-9989-2117-6-8.