Улански Остров

речен остров во Македонија


Улански Островречен остров во Вардар кај селото Уланци, во средишниот дел на Македонија. Островот е најголем од групата на Уланските Острови. Тој е еден од десетте средореци (површина над 1 хектар) во Вардар и е втор најголем речен остров (средорек) во Македонија.[1]

Улански Остров
Поглед на островот
Карта
Географија
МестоВардар
Координати41°35′10.6″N 21°56′47.4″E / 41.586278° СГШ; 21.946500° ИГД / 41.586278; 21.946500
Површина0,05 км2
Должина490 м
Ширина140 м
Држава
Општина Градско
МестоУланци
Демографија
Население0 (2021)

Опис

уреди

Островот настанал со пресекување на меандра на Вардар, така што реката создала ракавец од којшто се образувал остров. Должината на островот изнесува 490 м, а неговата широчина е 140 м, така што зафаќа површина од околу 4,8 ха. Од бреговите е оддалечен 10-25 м. Вегетацијата на островот се состои од трева и дрвја. Посетуван е од месното население главно во летниот период.[2][3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Колку острови има во Македонија?“. 5.6.2020. Посетено на 25 февруари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Група автори (2016). „Речни острови“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 161. ISBN 978-9989-110-90-0.
  3. Милевски, И. (2013). „За островите во Република Македонија“. Географски разгледи, 47: 31–46.

Надворешни врски

уреди