Узи
Узи е компактно автоматско оружје, кое низ светот се користи за вооружување на полицијата и специјалните вооружени единици. Името го добило по својот конструктор, Узиел Гал, израелски офицер, кој успеал да го развие овој тип на оружје по Арапско-израелската војна во 1948 година. Располага со должина 650mm и со преклоплив метален кундак. Цилиндричната цевка е долга само 260mm. Кога е наполнето со магацин за 25 или 32 куршуми во пиштолски калибар од 9mm, оружјето достигнува вкупна тежина од околу 4 кг. Исто така, узи се изработува и во крајно минијатурни верзии со должина од 460mm (Мини-узи).
-
Автомат Узи
-
Мини-узи.
-
Узи со придушувач.
-
Узи со дрвен кундак
-
Узи и MP 40.
-
Узи користено во Израел
-
9mm од Узи
-
Микро-узи
IMI Uzi | |
---|---|
Автомат Узи | |
Тип | Автомат |
Потекло | Израел |
Употребна историја | |
Корисници | Израел |
Војни | Суецка криза, Шестдневна војна, Војна на Судниот Ден, Граѓанска војна во Шриланка, Португалски колонијални војни, Јужноафриканска гранична војна, Граѓанска војна во Сомалија |
Производна историја | |
Конструктор | Узиел Гал |
Конструирано | 1948 |
Производител | Israel Military Industries, FN Herstal, Norinco, Lyttleton Engineering Works (под Vektor Arms), RH-ALAN |
Год. на производство | од 1950 |
Произведени | над 10,000,000 |
Тех. особености | |
Тежина | 3,5kg |
Должина |
|
Цевка length | 260mm |
Куршум | 9x19mm Parabellum, .22 LR, .45 ACP, .41 AE |
Механизам | Слободен затворач |
Брзострелност | 600 истрели/min |
Почетна брзина | 400m/s |
Делотворен дострел | 200m |
Полнење | рамки со 10 (.22 LR и .41 AE), 16 (.45 ACP) 20, 32, 40 и 50 куршуми |
Нишани | Механички |