Увеа (Нова Каледонија)

(Пренасочено од Увеа (остров))

Островот Увеа ― еден од Лојалтските Острови, во архипелагот Нова Каледонија, кој што е прекуморска територија на Франција во Тихиот Океан. Островот е дел од комуната (општина) Увеа, во покраината Лојалтски Острови, Нова Каледонија.

Увеа
Плажата Мули во Увеа
Географија
МестоТихи Океан
АрхипелагЛојалстски Острови
Држава
Прекуморска територијаНова Каледонија
КомунаУвеа

Географија

уреди

Островот во облик на полумесечина, кој припаѓа на поголем атол, кој е 50км долг и 7км широк. Лежи североисточно од островот Гранд Тер, кое што е од големото копно на Нова Каледонија.

Историја

уреди

Увеа е полинезиска ексклава првично населена од полинезиски морепловци кои го именувале по нивниот домашен остров Увеа. Некои од нивните потомци сè уште зборуваат на западно-увејански јазик.

Демографија

уреди

Во Увеа живеат околу 3.000 луѓе кои се организирани во племиња поделени на полинезијци и меланезијци по етничко потекло. На островот се зборува јазикот Јааи.

Флора и фауна

уреди

Увеа има богати морски ресурси и е дом на многу морски желки, видови риби, корали, како и домашни папагали. Увеанскиот папагал може да се најде само на островот Увеа.

Голем рак наречен кокосов рак или crabe de cocotier може да се најде на островот. Големите сини ракови живеат во насади со палми и можат да пораснат до неколку килограми во големина. Тие се копнени видови и не се впуштаат во океанот.

Во Увеа се наоѓа и трофејната коскеста риба која се населува во плитките води богати со хранливи материи на атолот.

20°39′8″S 166°33′43″E / 20.65222° ЈГШ; 166.56194° ИГД / -20.65222; 166.56194