Убавите села убаво горат

„Убавите села убаво горат“ (српски: Лепа села лепо горе) — филм на режисерот Срѓан Драгојевиќ од 1996 година. Главните улоги ги играат: Милорад Мандиќ, Никола Којо, Никола Пејаковиќ, Бранка Катиќ, Драган Бјелогрлиќ, Марко Ковијаниќ, и Велимир Бата Живојиновиќ. Филмот е снимен по вистинит настан во кој седум српски војници на Дринскито корпус девет дена биле опколени во тунелот „Бродар“ во септември 1992 година.[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот почнува во една српска воена болница во која се лекуваат ранетите војници од војната во Босна меѓу кои се наоѓа и еден српски војник, кој се сеќава на своето детство и на подоцнежното учество во војната. Две деца, Србинот Милан и Бошњакот Халил, растат заедно во едно село во чија близина има напуштен тунел. Порадие суеверие, тие не се осмелуваат да влезат во тунелот, но дваесет години подоцна, за време на војната во Босна, Милан е опколен во тунелот заедно со своите соборци, додека Халил се наоѓа на спротивната страна. Меѓу опколените српски борци се наоѓа и една американска новинарка. Додека се обидуваат да се извлечат од тунелот, српските борци ги раскажуваат своите лични приказни, т.е. начините на кои се вклучиле во војната.

Наводи

уреди