Унија на независни и автономни синдикати на Македонија

(Пренасочено од УНАСМ)

Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) е синдикална федерација формирана во 1991 година. Создадена е од три независни синдикати: Независен синдикат на ЕМО од Охрид, Автономен синдикат при Рудници и Железарница од Скопје и Независен струков синдикат на машинскиот персонал при Македонски железници. По шест месеци кон нив се приклучи и Самостојниот синдикат на поединечните земјоделски производители на Македонија со седиште во Кочани. УНАСМ во своите редови има 170 Независни базични синдикати и 16 Општински Независни синдикати кои се распоредени во 6 гранкови федерации. Претседател на УНАСМ е Слободан Антовски.

Логото на УНАСМ
Логото на УНАСМ

Од 1999 година УНАСМ е член на Светската конфедерација на трудот (WCL), а од 2006 - на Меѓународната синдикална конфедерација (ITUC).[1]

Во 2011 година УНАСМ броеше 5.300 членови.[2]

Наводи

уреди
  1. „Електронски информатор, бр. 1“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 2012-02-12.
  2. „International Trade Union Confederation, List of Affiliated Organisations, p. 5“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-07-11. Посетено на 2012-07-23.

Надворешни врски

уреди