Отвори го главното мени

Теодор Рејмонд „Т.Р.“ Најт (роден 26 март, 1973) е американски глумец. Најпознат е по неговата улога на несамоуверениот специјализант Џорџ О‘Мали во познатата медицинска драма на ABC, Вовед во анатомија. Најт е повеќе пати номиниран за Еми наградите и е добитник на неколку САГ награди.

Т. Р. Најт
TR Knight cropped.jpg
Роден(а)Теодор Рејмонд Најт

БиографијаУреди

Ран животУреди

Најт е роден во Минеаполис, Минесота. Најт живее мирен живот и уште од мал покажува љубов кон глумата. Тој решава да глуми во Гатри театарот на своја 5 годишна возраст каде добивал мали детски улоги. Откако завршува средно училиште на Академијата на светите ангели во Ричфилд, Најт се запишува на Универзитетот од Минисота, но подоцна решава да се отпише од факултетот и се вработува во Гатри театарот каде што и започнал, но овој пат се здобивал со главни улоги.