Тианшан

планински масив во Централна Азија
(Пренасочено од Тјен Шан)

Тианшанпланински систем кој се наоѓа во Средна Азија со највисокиот врв, „Џенгиш Чокусу“ (Врв на Победата, 7.439 м).

Тианшан
Венецот Тианшан на границата помеѓу Кина и Киргистан. Во средината се издига планината Хан Тенгри (7.010 м)
Највисока точка
ВрвВрв на Победата
Надм. височина7.439 м
Координати42°02′06″N 80°07′32″E / 42.03500° СГШ; 80.12556° ИГД / 42.03500; 80.12556
Географија
Тианшан is located in Кина
Тианшан
Земји
ПокраиниФергана, Џаму и Кашмир и Гилгит-Балтистан
Координати42°N 80°E / 42° СГШ; 80° ИГД / 42; 80
Геологија
Периодкенозоик

Името на венецот е кинеско () и значи „небесни планини“. Месни имиња на друи јазици се: казашки: Хан Тәңірі, киргиски: Теңир-Тоо, монголски: Тэнгэр уул и ујгурски: تەڭرى تاغ‎ (Тенгри Таг).

Убавините на Тианшан

уреди

Круничките на цвеќе љубичица во сите бои – бела, жолта, сина, темновиолетова – му паднале во очи на англискиот авантурист Чарлс Хауард Бери, кога јавајќи низ шумата наишол на падините на планината Тианшан во јуни 1913 г., запишувајќи: „Цвеќињата растат толку збиени едно до друго „а при секој чекор газевме по некој цвет“. Додал дека никогаш не видел толку богат растителен свет – изгледало дека таму растат сите видови што можат да се видат во англиските градини.

Издигнувајќи се над сивата пустина, до снежните врвови и гребените покриени со мраз, се протегаат планините на Средна Азија, долги 2.900 км.

Експедиција

уреди

Првиот Европеец кој во 1856 година ги истражил бил Русинот Петар Семјонов, а во експедицијата ги придружувале Козаци. Од Алма Ата се качиле на Исик-ќол, небесно-сино „жешко езеро“, што така се нарекува затоа што никогаш не замрзнува. Тоа е најголемото планински езеро во светото, четирипати поголемо од поширокото подрачје на Лондон.

Преминот Санташ

уреди

Се зборува дека Тимур, монголскиот водич од XIV век барал секој од неговите луѓе да земе камен од брегот на езерото и при поминувањето на планината да го стави својот камен кај преминот Санташ. Така преминот го добил името „премин на преброени камења“. На враќање секој војник земал по еден камен од купот и според бројот на камењата што останале Тимур знаел колку луѓе загинале во нападот на Кинезите. Семјонов го преминал Санташ за да ги види највисоките врвови на Тианшан – Врвот на победата (7.439 м) и Врвот Хантегри Фенг (6.995 м), на кинеската граница.

Животински и растителен свет

уреди

На планините расте диво овошје, рози и див кромид. Напролет површините изобилуваат со лалиња. Меѓу нив е и реткиот вид Грејгово лале, чии цветови се долги 75 мм. Козорозите ги брстат грмушките во близина на снежната покривка, а ретките снежни леопарди ги обликуваат шумите низ кои скитаат волци, диви свињи и мечки.

Наводи

уреди
  • The Contemporary Atlas of China. 1988. London: Marshall Editions Ltd. Reprint 1989. Sydney: Collins Publishers Australia.
  • The Times Comprehensive Atlas of the World. Eleventh Edition. 2003. Times Books Group Ltd. London.

Користена литература

уреди

Издавачка куќа: „МА-ТИСК“, Марибор, 2008 г.

Надворешни врски

уреди