Ту Јоујоу
Ту Јоујоу (кинески: 屠呦呦 пинјин: Tú Yōuyōu, р. 30 декември 1930) — кинески фармаколог, лауреат на Нобеловата награда за 2015 година за физиологија или медицина (за откритие на артемизининот – препарат кој се користи за лечење на маларија и кој спасил милиони животи)[1], а во 2011 година Ласкеровата награда за клиничка медицина. Таа е првиот етнички кинески (и прв граѓанин на НР Кина) која ја добила Нобеловата награда за физиологија или медицина.
Ту Јоујоу 屠呦呦 | |
---|---|
Роден(а) | 30 декември 1930 Нингбо, Zhejiang, China |
Живеалиште | Пекинг |
Државјанство | Народна Република Кина |
Полиња | кинеска хербологија медицинска хемија клинички истражувања антималариски лекови |
Установи | Кинеска академија на кинески медицински науки |
Образование | Пекиншки медицински универзитет |
Познат по | Откривање наартемизинин и дихидроартемизинин |
Поважни награди | Ласкерова награда за клиничка медицина (2011) Награда на фондацијата Ворен Алперт (2015) Нобелова награда за физиологија или медицина (2015) |
Животопис
уредиСе родила во Нингбо во провинцијата Џеѓанг, Кина на 30 декември 1930 година. Од 1951 до 1955 година студирала фармакологија на Пекиншкиот медицински универзитет каде и дипломирала. Потоа, две години Ту ја изучувала традиционалната кинеска медицина.
По дипломирањето Ту работела на Академијата за кинеска медицина. Во 1980 година била промовирана во истражувач, а во 2001 година била промовирана во ментор на докторските кандидати. Моментално е раководител во академијата.
Награди
уреди- Нобелова награда за физиологија или медицина за 2015 година – поделена со Сатоши Омура и Вилијам Кемпбел
- Награда на фондацијата Ворен Алперт за 2015 година[2]
- Ласкерова награда за клиничко медицинско истражување во 2011 година[3]
Наводи
уреди- ↑ „Nobel Prize announcement“ (PDF). NobelPrize.org. Nobel Assembly at Karolinska Institutet. Посетено на 5 October 2015.
- ↑ „Alpert Prize Recognizes Malaria Breakthroughs“. Warren Alpert Foundation. 4 June 2015. Посетено на 14 June 2015.
- ↑ „Lasker Award Rekindles Debate Over Artemisinin's Discovery | Science/AAAS | News“. News.sciencemag.org. Посетено на 7 January 2014.