Турно-скијање
Турно-смучање или турно-скијање — скијање во природа на необележани и ненадгледувани подрачја. Се скија вон уредените скијачки патеки и може да се оди на тура подолго од еден ден. Слично е на скијањето во скијачко трчање.
Турно-скијањето содржи елементи на нордиско и алпско скијање и исто така вклучува елементи на телемарк. Особина на турно-скијањето е тоа што петицата на скијачот е „слободна“, не е прицврстена за скиите, со цел да се овозможи природно лизгачко движење при преминување и искачување на терен, кој може да биде рамен или екстремно стрмен. Турно-скијањето почнале да го користат скијачите и планинарите кои сакале да скијаат на новопаднатиот свеж снег и да ги избегнат скапите трошоци за скијање на уредени скијачки патеки.[1]
Турата бара самостојни, навигациски вештини и може да вклучи пронаоѓање на маршрутата низ лавински терен. Се споредува со планинарење и ранец.
Скијачкото планинарење е облик на турно-скијање, кои здружува телемарк, алпско скијање, крос-кантри скијање и планинарење.
Историја
уредиМеѓу пионерите на турно-скијањето е Џон Сноушу, веројатно првиот модерен ски-планинар и патник кој ги користел своите скии за доставување пошта двапати месечно, низ стрмните источни делови на Сиера Невада до оддалечените рударски логори во Калифорнија. Започнал во 1855 година и го правел тоа најмалку 20 години.[2] Неговата рута била долга 140 километри, биле потребни 3 дена и уште 48 часа враќање. Поштата тежела повеќе од 45 килограми.
Сесил Слингсби бил еден од првите кој на скии го поминал 1.550 метри високиот Кајзеров Превој во Норвешка во 1880 година. Други пионери се Адолфо Кинд, Арнолд Лун, Оторино Мезалама, Патрик Валенкант и Килијан Џорнет Бургада.
Терминологија
уредиСе појавиле различни поими, кои се однесуваат на начинот на кој се пристапува до теренот:[3]
- Фронткантри се однесува на терен што е надвор од патеката, но во границите на ски-центарот каде што влечниците и службите за итни случаи се на дофат.
- Слеккантри се однесува на терен кој е надвор од обележаните граници на скијачко подрачје и до кој може да се пристапи со влечници. Ова обично вклучува терен со пристап назад до влечницата. Слеккантри турно-скијањето исто така вклучува тури каде што луѓето користат автомобил како превоз.
- Сајдкантри се однесува на терен кој е надвор од границите на ски-центар, но сè уште е достапен со влечница.
- Беккантри се однесува на терен во оддалечените области што е надвор од границите на ски-центар и не може да се пристапи со влечница.
Опрема
уредиОпрема за алпско скијање
Опремата за алпско скијање може да се користи за турно скијање со додавање на отстранлив сврзувачки додаток кој овозможува слободно замавнување на петицата при искачувања.
Нордиско скијање
Нордиското скијање е скијање со везови кои ги оставаат петиците слободни цело време. На овој начин, нордиските скијачи не мора да се префрлаат напред-назад помеѓу режимите нагоре и надолу, што може да биде корисно на одредени видови терени. Нордиските скии можат да бидат тесни и без раб за уредени патеки или идеални снежни услови, а се користат со чизми кои наликуваат на меки или ниски чизми.
Телемарк
Опремата е наменета за стрмен терен или скијачки патеки.
Турно-скијање
Посебни алпски везови, инаку многу слични на везовите за спуст, овозможува подигнување на петицата за полесно искачување, а врзувачката брава дава совршена поддршка при скијање на удолнина.
Области за турно-скијање
уредиТурно-скијањето може да се одвива насекаде каде што има соодветен снег и терен, како и соодветни методи за пристап до патеките, на пр. по пат со возила, со трактор или со авион.
Исланд
уредиЦентар на активност на полуостровот Трол на северот на Исланд.[4]
Норвешка
уредиСкијањето во Норвешка има долга традиција и првично било единственото зимско превозно средство. Турно-скијањето било основа на поларните експедиции на норвешките истражувачи како Фридтјоф Нансен и Роалд Амундсен. Во Норвешка има илјадници километри обележани ски-патеки во шумски и планински области. Рутите ги одржуваат организации како што се Скифоренинген во областа Осломарка и Норвешката асоцијација за трекинг на национално ниво, вклучувајќи ги Хардангервида, Рондане и Јотунхајмен. Норвешката асоцијација за трекинг (норвешки: Den norske turistforening ; DNT) одржува планински патеки и кабини во Норвешка и има повеќе од 200.000 членови.
Европски Алпи
уредиВисоката рута и Тирол се популарни области за турно-скијање.[5]
Македонија и Албанија
уредиВо Македонија и Албанија се организира турно-скијање на Шар Планина. Турите се од 5 до 10 дена и се специфични бидејќи се одвиваат надвор од скијачките центри и нудат недопрен поглед.[6]
За вљубениците во турно-скијањето исто така има погодни терени на Пелистер и Маврово.
Наводи
уреди- ↑ Volken, Martin; Schnell, Scott; Wheeler, Margaret (2007). Backcountry Skiing: Skills for Ski Touring and Ski Mountaineering. Mountaineers Books. стр. 12. ISBN 978-1594850387.
- ↑ „Ski touring: "Something Quite Special"“. Skiing. 22: 134–135. January 1970.
- ↑ A Complete Guide to Alpine Ski Touring Ski Mountaineering and Nordic Ski Touring Including Useful Information for Off Piste Skiers and Snow Boarders. Authorhouse. 2014. стр. xvii. ISBN 978-1491888087.
- ↑ „Ski Touring“. Посетено на 12 July 2014.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2020-10-20. Посетено на 2022-08-05.
- ↑ Adventure, Balkans Natural. „Balkans Natural Adventure“. Архивирано од изворникот на 2020-02-18. Посетено на 2020-02-18.