Турбе на Јигит-паша
Турбе на Јигит-паша — турбе во Скопје коешто се наоѓа во Старата скопска чаршија. Во него е погребан освојувачот на Скопје — Јигит-паша.[1] Прогласено е за културно наследство на Македонија.
Место | Стара чаршија, Општина Чаир |
---|---|
Област | Скопје, Македонија |
Координати | 42°00′09″N 21°26′18″E / 42.002365° СГШ; 21.438358° ИГД |
Вид | турбе |
Историја | |
Изграденo | 1426 |
Раздобје | османлиско време |
Корисник | Јигит-паша |
Белешки за наоѓалиштето | |
Состојба | обновено (2016) |
Јавен пристап | да |
Архитектура | |
Стилови | османлиски |
Прогласено за | Културно наследство на Македонија |
Местоположба
уредиТурбето се ноѓа во непосредна близина на пазариштето Бит-пазар, меѓу улиците „Битпазарска“, „Покриена чаршија“ и „192“.[2]
Историја
уредиТурбето било изградено во 1426 г. и било во склоп на Јигит-пашината џамија којашто била разрушена во 1943 година. Срушено е во Скопскиот земјотрес од 1963 година.[2] Во 2014 година, на местото на коешто се наоѓало се спроведени археолошки истражувања, а потоа било обновено врз основа на првобитниот излгед и било отворено за јавноста на 1 јули 2016 година.[1]
Архитектура
уредиТюрбето спаѓа во групата на отворени турбиња со купола и тамбур. Неговата основа е шестаголна со страни чојашто должина изнесува 2,5 м и диајгонали со должина од околу 5 м. Основата е изградена од редови делкан камен, меѓу кои има и редови тули. На аглите има шест столба коишто завршуваат со остар прекршен лак и кои го придржуваат осумаголниот тамбур над којшто е поставена куполата. Под тамбурот има забест венец од два реда тули, а преминот кон куполата е со пандантиви. Куполата е покриена со олова. Во нејзината внатрешност е украсена. Гробот на Јигит-паша е сместен во засводена крипта од тули под самото турбе. На криптата е поставен саркофагот со нишан.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Üsküp Fatihi Yiğit Paşa’nın Türbesi Açıldı Архивирано на 24 септември 2017 г.“. Yeni Balkan. 1 јули 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Верско-меморијалниот комплекс Јигит Паша и Меддах Баба Архивирано на 24 септември 2017 г.“. Управа за заштита на културното наследство
Надворешни врски
уреди- Турбе на Јигит-паша на Ризницата ?
- Турбето на Паша Јигит-бег — Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија