Туле (пустина во Невада)

За истоимената пустина во Аризона, видете Туле (пустина во Аризона).

Пустината Тулепустина која се наоѓа во југоисточна Невада во округот Линколн, во близина на линијата на државата Јута.[1] Пустината лежи североисточно од Морморските Планини, јужно од Детелинските Планини и западно од Туле Спрингс Хилс.[2]

Пустината се спушта од височина од околу 1,300 м на подножјето на Детелинските Планини западно од планината Лајм на околу 910 м околу 27 км на југ-југоисток кон тесниот Токупски Процеп помеѓу Источните Мормонски Планини и ридовите Туле Спрингс.[2]

Голем број истекувања ја исцедуваат пустината во правец главно север-југ. Бунарот на пустината Туле лежи западно од планината Џамблд на јужниот крај од ридовите Туле Спрингс.[2]

Пристапот е преку окружен пат источно од Лајмановиот Премин долж железничката пруга Јунион Пацифик помеѓу Карп и Елџин во Медоу Долина Вош. Патот продолжува на југ помеѓу Мормонските и Источно Мормонските Планини за да се поврзе со меѓудржавниот пат 15 во Невада на излезот 100 западно од Месквит во округот Кларк.[2][3]

Наводи

уреди

 

  1. „Tule Desert“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Clover Mts, Nev.–Utah, 30x60 Minute Topographic Quadrangle, USGS, 1978
  3. Overton, Nevada–Arizona, 30x60 Minute Topographic Quadrangle, USGS, 1987
  • Nevada Atlas and Gazetteer, 2001 година, стр. 67