Туле (пустина во Аризона)
За истоимената пустина во Невада, видете Туле (пустина во Невада).
Пустината Туле ― мала пустина која се наоѓа во југозападна Аризона во близина на границата на САД-Мексико. Се смета дека е дел од регионот на Долноколорадската Долина во Сонорската Пустина. Лежи во правец север-југ источно од планините Кабеза Приета и скоро целосно во воздухопловниот полигон „Бери М. Голдвотер“. Пустината Туле се наоѓа и на северната граница на Гран Дезиерто де Олтар во Сонора, Мексико.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Mapquest.com Атлас на патишта, 2001 година, стр. 9
- Сонорска Пустина