Тубен крајник (латински: tonsilla tubaria) — парно лимфоидно ткиво сместено на соодветниот страничен ѕид на носниот дел на фаринксот, односно во непосредна близина на фарингеалниот отвор на Евстахиевата слушна туба. Се развива кај малите деца, а потоа постепено се намалува за време на пубертетот и подоцна целосно исчезнува.[1][2]

Тубниот крајник се наоѓа во долниот десен агол на овој пресек, веднаш до отворот на Евстахиевата туба

Овој крајник учествува во изградбата на т.н. Валдееров лимфен прстен заедно со голтничниот, јазичниот и непчените крајници. Сите тие се составени од лимфни јазолчиња и се меѓусебно поврзани едни со помош на систем на лимфни садови.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Славољуб В. Јовановић, Надежда А. Јеличић (2000). Анатомија човека – глава и врат. Београд: Савремена администрација. ISBN 978-86-387-0604-4.
  2. Славољуб В. Јовановић, Нева Л. Лотрић (1987). Дескриптивна и топографска анатомија човека. Београд, Загреб: Научна књига.