Јазичен крајник (латински: tonsilla lingualis) — лимфоидно ткиво сместено во коренот на јазикот. Составен е од кластери на лимфни јазолчиња наречени јазични фоликули, кои се покриени со сквамозен епител. Овој крајник е најизразен веднаш по раѓањето и почнува да атрофира веќе во првите години од животот. Кај возрасните, тој е намален на неколку помали групи на лимфни јазли.[1] [2]

Структура на јазикот

Заедно со непчените, тубниот и голтничниот крајник, тој е дел од т.н. Валдееров лимфен прстен (латински: annulus lymphaticus Waldeyer).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Славољуб В. Јовановић, Надежда А. Јеличић (2000). Анатомија човека – глава и врат. Београд: Савремена администрација. ISBN 978-86-387-0604-4.
  2. Славољуб В. Јовановић, Нева Л. Лотрић (1987). Дескриптивна и топографска анатомија човека. Београд, Загреб: Научна књига.