Трпко С. Кузманоски ( 1908 во Звечан, Порече10 ноември 1943) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Трпко Кузманоски
Роден 1908 година
Звечан, Порече
Починал 10 ноември 1943 година
Народност Македонец

Животопис

уреди

Бил роден во 1908 година во селото Звечан кај Македонски Брод. Бил познат како напреден младинец и демократ за време на Стара Југославија. По новата окупација на земјата продолжил да се бори за национални и социјални права. Бил фатен од страна на бугарската полиција и по неколкудневно малтретирање и тепање бил убиен на 10 ноември 1943 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.251