Трпе Петровски
Трпе Ефтимов Петровски ( 1924 во Скопје — 1943 во Ужице, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиЗавршил основно училиште во градот, а потоа изучил занает. Како напреден работник стапил во организирана борба против окупаторот. Бил примен за член на СКОЈ. Земал учество во многубројните младински акции за собирање материјална помош за партизаните. Во 1943 година бил принуден да замине во бугарската фашистичка армија. Таму се поврзал со група напредни Македонци. Во септември истата годинa му се укажала можност и со група Македонци избегал во партизани. Заминал во Српскиот партизански одред, каде се пројавил со храброст. Учествувал во борбите против германските и бугарските фашистички единици. Истата година, храбро загинал во борбите околу Ужице.[1]