Тројна неволја (филм од 1918)

Тројна неволја (англиски: Triple trouble) - американски филм од 1918 година, во режија на Чарли Чаплин и Лео Вајт (Leo White), кои се автори и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Чарли Чаплин, Една Пурвианс (Edna Purviance), Били Амстронг (Billy Armstrong), Алберт Остин (Albert Austin) итн.[1]

Содржина

уреди

Во домот на полковникот Нат доаѓа нов чистач (го игра Чаплин), кој веднаш прави метеж во куќата. Полковникот има пронајдено нов експлозив со безжично активирање. Еден странски агент сака да дојде до тајната формула за експлозивот, но полковникот го исфрла надвор. По завршувањето на работниот ден, чистачот оди во едно преноќиште за сиромашни луѓе, каде преспива во друштво со пијаници и криминалци. Странскиот агент ангажира еден криминалец за да дојде до експлозивот, а криминалецот го наговара чистачот да му се придружи и двајцата упаѓаат во куќата на полковникот Нат. Меѓутоа, таму ги чека полицијата и тогаш настанува бркотница низ куќата при што се активира експлозивот и куќата се руши.[2]

Наводи

уреди