Тросковски манастир
Тросковски манастир „Св. Архангел Михаил“ (понекогаш познат и како Брестовски манастир) — манастир кај селото Тросково, Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли, Бугарија. Влегува во состав на Неврокопската епархија на Бугарската православна црква.
Тросковски манастир | |
---|---|
Свети Архангел Михаил | |
Поглед на манастирот | |
41°51′35″N 22°59′56″E / 41.85972° СГШ; 22.99889° ИГД | |
Место | Брестово, Горноџумајско |
Земја | Пиринска Македонија, Бугарија |
Вероисповед | Бугарска православна црква |
Архитектура | |
Завршена | 1906 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Горноџумајско |
Епархија | Неврокопска |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа 1 километар северно од Брестово, на неколку километри југозападно од Тросково, над десната страна на Стара Река.[1] Во непосредна близина се наоѓаат камените образби Коматница. Бидејќи во минатото с. Брестово се сметало за маало на Тросково, манастирот до ден денес го зачувал своето име.[2]
Историја
уредиСпоред преданието, манастирот е основан во 1149 г., со што се смета за еден од најстарите во областа. Манастирот претрпел сериозни оштетувања за време на Крупничкиот земјотрес на 4 април 1904 година, при што е разрушен. Подоцна бил обновен во 1906 г.[3][2]
Наводи
уреди- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 2,0 2,1 Симеонов, Владимир (16 јануари 2014). „Тросковският манастир по-стар от Рилския“. standartnews. Посетено на 16 декември 2024.
- ↑ „Брестовски манастир „Св. Архангел Михаил"“. Свети места. Посетено на 16 декември 2024.