Триумфална порта (роман)
Триумфална порта (германски: Arc de Triomphe) — роман напишан во 1945 година од Ерих Марија Ремарк. Романот е за бегалци без држава во Париз пред Втората светска војна. Овој роман бил втор светски бестселер на Ремарк, по „На Запад ништо ново“,[1] напишан за време на неговиот егзил во САД (1939-1948). Романот бил екранизиран, најпрво како игран филм во 1948 година, а потоа бил преработен и како телевизиски филм во 1985 година.
Автор | Ерих Марија Ремарк |
---|---|
Изворен наслов | Arc de Triomphe |
Земја | САД |
Јазик | германски |
Жанр | Воен роман |
Издавач | Еплтон сентјури (Appleton-Century) (САД) |
Издадена | 1945 |
Медиум | печатено |
Страници | 455 |
OCLC | 296103 |
Резиме
уредиРоманот е поставен во 1939 година, Равик, многу успешен германски хирург и бегалец без државјанство, живее во Париз, каде и покрај тоа што нема дозвола да оперира, веќе две години врши тајни операции врз пациенти во име на двајца, помалку вешти француски лекари.
Не сакајќи да се врати во нацистичка Германија, која во меѓувреме му го одзела државјанство, а и не можејќи легално да постои на ниту едно друго место во предвоената западна Европа, Равик некако успева да опстои. Тој е едно од многуте раселени лица, без пасош или какви било други документи, кои живеат под постојана закана да бидат фатени и депортирани од една земја во следната и повторно назад во првата.
Иако Равик се откажал од можноста за љубов, животот има интересен начин да се сврти кон романтичното, дури и во најлошите времиња, додека тој претпазливо се спријателува со една глумица.
Врски со други дела
уредиПретходниот роман на Ремарк, Flotsam е исто така за животот на лицата без државјанство. Ликот на Равик исто така на кратко се појавува и во новелата „Сенки во рајот“, исто од Ремарк.