Џевахир (Истанбул)
Џевахир — трговски центар кој се наоѓа во областа Шишли во Истанбул, Турција, на европската страна од градот. Изградбата започнала во 1997 година, а конечно трговскиот центар бил отворен на 15 октомври 2005 година, од страна на премиерот Реџеп Таип Ердоган. На отворањето присуствувале 450.000 луѓе. Објектот е познат и како Şişli Kultur ve Ticaret Merkezi односно Шишлиски културен и трговски центар. Овој трговски центар е најголемите во Европа, а шести по големина во светот.[1]
Поглед кон внатрешноста | |
Место | Истанбул, Турција |
---|---|
Координати | 41°03′46″N 28°59′35″E / 41.06278° СГШ; 28.99306° ИГД |
Адреса | ул. „Бујукдере“ бр. 22, Шишли |
Отворен на | 15 октомври 2005 |
Изведувач | Cevahirler Group |
Раководител | Jones Lang LaSalle |
Сопственик | St Martins Property Group |
Продавници | 343 продавници 48 ресторани 12 кина 1 бина за шоу 1 сала за куглање 1 луда железница |
Површина | 420,000 m2 (4,521,000 sq ft) вкупна подна површина; 110,000 m2 (1,184,000 sq ft) останата зона. |
Паркинг | 2,500 места |
Спратови | 20 |
Мреж. место | istanbulcevahir.com/en-EN/home/29.aspx |
Џевахир има вкупна површина од 420.000 квадратни метри, а цената за неговата изградба била US $ 250 милиони. Има 343 продавници, од кои некои се на прво место во Турција по продажба на меѓународни брендови; 34 ресторани за брза храна и 14 ексклузивни ресторани. Вклучува и други објекти како: 12 кина вклучувајќи приватен театар и кино за деца. Зградата на 2.500 м2 стаклен покрив го има еден од најголемите часовници во светот, со три-метри високи бројки.
На паркингот има капацитет од 2.500 автомобили. 5.000 луѓе се вработени за одржување на објектот. До објектот лесно може да се стигне бидејќи тој е поврзан до Истанбулското метро. Дневно, Чевахир се посетува од страна на 190.000 купувачи. Тој е отворен секој ден од 10:00-22:00 часот.
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- Emporis Global Structure Listings Cevahir Istanbul
- Istanbul news Архивирано на 14 јули 2007 г.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 8 јануари 2010 г.