Трајко Божинов Боцев ( 1919 во Скопско1944 во Младо Нагоричане, Кумановско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Подоцна се доселил во Скопје. Со големи напори изучил занает, по што работел како столарски работник. Во Скопје рано пристапил во напредното движење. Се дружел со напредни столарски работници. Организирано дејствувал пpотив бугарскиот фашистички окупатор. Агитирал за целите на НОВ. Собирал материјална помош за партизаните. Во почетокот на 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада. Како борец бил примерен и решителен во акциите против окупаторот. Нему му било доделена задача да управува со пушкомитралез. Учествувал во повеќе борби на бригадата. Храбро загинал во борба против непријателот кај Младо Нагоричане.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 36. На |first= му недостасува |last= (help)