Трајко Белински
Трајко Ангелков Белински ( 1914 во Кучевиште, Скопско — 1944 во Црна Трава, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Трајко Белински | ||
Роден | 1914 година Кучевиште, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | јуни, 1944 година Црна Трава, Србија |
Животопис
уредиПотекнува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште. Располагал со малку земја, па поради тоа чувал и добиток. Бил мобилизиран во бугарската фашистичка војска, но при првата можност што му се укажала, избегал ѝ им се приклучил на партизаните. Во февруари 1944 година стапил во Козјачкиот партизански одред. Учествувал во борбите против бугарските фашистички окупаторски единици. Во јуни 1944 година заедно со неколкумина партизани бил заробен од бугарската фашистичка војска. Сите заробени партизани, без да им се организира судски процес биле осудени на смрт. Неговиот партизански соборец Тодор Нешков бил жив запален, додека Трајко бил стрелан. Бил закопан на местото каде што бил стрелан.[1]