Трајан — роман напишан од македонскиот поет Ангелко Крстиќ во 1932 година во Скопје. Романот е напишан на српски јазик, а Ангелко во 1934 година ја добива наградата на Академијата на седумте уметности во Белград за најдобар српски роман.

Трајан
АвторАнгелко Крстиќ
ЗемјаКралство Југославија
Јазиксрпски
Жанрроман
Издадена
1932

Содржина

уреди

Во романот „Трајан“ се опишани четириесет мачни печалбарски години на главниот лик. Дејствието на романот започнува уште од времето на Турците, кога малиот Трајан работи како измеќар, за корка леб, а потоа заминува на печалба. Секаде го следи болната и мачна судбина на страдалник-печалбар.[1]

Кога започнуваат војните, прво Балканските, а потоа и Светската – тој учествува во нив. Го доживува и ослободувањето од Османлиите, но по нив – во неговата татковина ништо не се променува. Неостварените соништа ги остава на својот син.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Анѓелко Крстиќ („Трајан")“. Македонски јазик и литература. 2015-04-06. Посетено на 2023-08-15.