Трафалгар (’рт)
Трафалгар (36°11′N 6°2′W / 36.183° СГШ; 6.033° ЗГД) (шпански: Cabo Trafalgar) е ’рт во покраината Кадис во југозападна Шпанија. Се наоѓа на крајбрежјето на Атлантскиот Океан, северозападно од Гибралтарскиот Проток. Името е изобличување на изворнот арапски назив „Тарф ел-Гарб“ (طرف الغرب) што значи Западен ’Рт.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/66/Spain_Cabo_Trafalgar.jpg/300px-Spain_Cabo_Trafalgar.jpg)
Во 1805 г. Близу ’ртот се одиграла прочуената битка кај Трафалгар помеѓу британската Кралска морнарица под водство на адмиралот Хорацио Нелсон ја поразила Наполеоновата здружена шпанско-француска морнарица.
Светилник
уреди’Ртот има светилник со височина од 34 метри (51 метри над морето). Изграден е во 1860 г. близу до истоимениот арапски светилник. Светлината има досег од 35 км. Светилникот ја носи меѓународната ознака D-2406, а има циклус од GpD(2+1) B 15 сек.
„Трафалгар (’рт)“ на Ризницата ? |