Трафалгар (’рт)

(Пренасочено од Трафалгар (рт))

Трафалгар (36°11′N 6°2′W / 36.183° СГШ; 6.033° ЗГД / 36.183; -6.033) (шпански: Cabo Trafalgar) е ’рт во покраината Кадис во југозападна Шпанија. Се наоѓа на крајбрежјето на Атлантскиот Океан, северозападно од Гибралтарскиот Проток. Името е изобличување на изворнот арапски назив „Тарф ел-Гарб“ (طرف الغرب) што значи Западен ’Рт.

’Ртот Трафалгар со светилникот

Во 1805 г. Близу ’ртот се одиграла прочуената битка кај Трафалгар помеѓу британската Кралска морнарица под водство на адмиралот Хорацио Нелсон ја поразила Наполеоновата здружена шпанско-француска морнарица.

Светилник

уреди

’Ртот има светилник со височина од 34 метри (51 метри над морето). Изграден е во 1860 г. близу до истоимениот арапски светилник. Светлината има досег од 35 км. Светилникот ја носи меѓународната ознака D-2406, а има циклус од GpD(2+1) B 15 сек.