Транебјерггратче, сместено во средиштето на јужниот остров Самсе во Данска. Тој е најголемиот гратче на Самсе и исто така општинско седиште на Општина Самсе.

Транебјерг
Паланка
Транебјершката црква
Транебјершката црква
ДржаваДанска
РегионСреден Јитланд
ОпштинаСамсе
Население (2022)[1]839
Час. појасСЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)

Транебјерг е старо гратче, со голема селска црква од 14 век и некогаш бил дом на Братингсборговиот замок, благороднички замок што изгорел во 1289 година. Од посовремените градби, гратчето е дом на една туристичка канцеларија и еден екомузеј. Во Екомузејот, обновените стари згради како активно старомодно мало стопанство, полска куќа, ковачница и мелница за житарици, меѓу другото, ја изложуваат врската помеѓу пејзажот, културата и жителите на Самсе низ вековите, што вклучува изложба на островите од минатото камено доба, проследено до околу 9.000 п.н.е.

Историја

уреди

Транебјерг првпат е споменуват во 1424 година како Транберг, но бил населен долго пред тоа. Транебјерг било место на Братингсборговиот замок, во 1100-1200-тите. Замокот бил запален од Стиг Андерсен Хвиде во 1289 година, а повторно бил откриен дури во 2008 година, каде што била откриена црквата на замокот.[2]

Транебјершка црква

уреди

Транебјершката црква се наоѓа во Транебјерг и била изградена кон крајот на 1300-тите. Црквата има неколку прегради, што укажува на тоа дека црквата имала одбранбена улога во градот. Олтарниот дел е од 1615 година. Црквата поминала низ значајно возобновување помеѓу 1866 и 1869 година, каде што биле заменети и сите прозорци во црквата. Во црквата има две оргули, едната од 1954 година направена во Конгенс Лингби, другата од 1909 година и изграден во Хорсенс. Во црквата виси модел на брод од 1850 до 1851 година. Станува збор за модел на линискиот брод Кристијан VIII кој бил разнесен во 1849 година за време на Битката кај Екернферде. Моделот бил даруван во 1851 година од месниот трговец Јенс Питер Гилинг и неговата сопруга Гјертруд Гилинг. Камбанарискиот часовник на црквата е од средината на 1800-тите и е направен од А.Х. Фунх. Друг камбанариски часовник од 1500-тите или 1600-тите бил изграден во источен Јитланд, а подоцна бил даруван до Самсескиот музеј, откако претрпел силна ’рѓа. Во црквата има две ѕвона, едното од 1400 до 1425 година од Николаус Ескили, другото од 1654 година од Јерген Хансен.[3]

Значајни жители

уреди
  • Ани Бисо (родена 1969 година), спортски стрелец

Наводи

уреди
  1. BY3: Population 1st January, by urban areas The Mobile Statbank from Statistics Denmark
  2. Denstoredanske.lex.dk "Tranebjerg" Посетено на 6 мај 2023
  3. Danmarkskirker.natmus.dk "Tranebjerg Kirke" Посетено на 6 мај 2023

Надворешни врски

уреди