Тотекико
Тотекико (東滴壺) ― една од петте градини во подхрамот Рјоген-ин на будистичкиот комплекс Дајтоку-џи во Кита-ку, Кјото, Јапонија. Таа била направена од Набешима Гакушо во 1958 година и се тврди дека е најмалата јапонска карпеста градина.[1][2]
Тоа е цубо-нива, мала затворена градина, составена од карпи поставени на гребен песок. Концентрични чакалски кругови околу камења поставени кон секој крај на градината се поврзани со напоредни гребени и бразди. Градината е накратко осветлена од сонцето околу пладне секој ден, а повремено е покриена со снег во зима. Градината ја симболизира зенската изрека, дека колку поцврсто се фрла камен, толку се поголеми бранувањата.
Храмот, исто така, вклучува три други градини од видот каресансуј: Исши-дан, Кода-теј и Рјогин-теј (градина покриена со мов за која се тврди дека е најстарата градина во Дајтоку-џи и му се припишува на Соами).
Наводи
уреди- ↑ A guide to the gardens of Kyoto, Marc Treib, Ron Herman, Kodansha International, 2003, ISBN 4-7700-2953-5, p.69
- ↑ The Art of the Japanese Garden, David Young, Michiko Young, Tan Hong Yew, Ben Simmons, Tuttle Publishing, 2005, ISBN 0-8048-3598-5, p.110
Надворешни врски
уреди- Фотографии
- Рјоген-ин, подхрам на Даитоку-џи Архивирано на 23 ноември 2021 г.